Свет

Руски противпожарен авион се урна на југот на Турција

Во Турција се урна руски авион за гаснење пожари при што загинаа сите осум члена на екипажот. Руското министерство соопшти дека во авионот биле петмина руски и тројца турски државјани, а авионот се урнал додека се обидувал да слета во провинцијата Адана.

Екипа истражители веќе пристигнале во областа Ках-ра-ман-мараш, јавија медиумите.

  • Пожарот започна синоќа откако се стемни. Хеликоптерите го угасија. Авионот дојде од онде. Се  сврте и кога го испуташе вториот товар со вода се урна. Се создаде огнена топка и имаше експлозија, ртаскажува еден очевидец.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на твитер напиша дека длабоко жали за загубените животи, но нивните херојски жртви ќе бидат запаметени.

Во Турција во последните 16 дена имаше 300 шумски пожари во кои загинаа осум луѓе, а изгореа илјадници хектари шума и куќи. Гувернерот на областа каде што падна авионот Омер Фарук Чоскун изјави дека таму пожарот бил предизвикан од гром во шумата и рускиот авион амфибија доаѓал да го гасне.

Турција од 28 јули се бори со речиси 300 пожари ширум земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе