Македонија Топ вести

Се уште нема договор за измени на Изборниот законик

Се уште нема договор за измените на Изборниот законик и неизвесно е дали воопшто ќе се најдат на дневен ред на собраниска седница. ВМРО ДПМНЕ велат дека преговори нема а проблемот за немањето конзесус го лоцираат во различните ставови за изборните правила на   СДСМ и ДУИ. Владејачките партии остануваат на ставот дека измени може да има само доколку се постигне компромис.

Изборите се распишани а неизвесно е дали во текот на наредната недела  пратениците на седница ќе ги  променат изборните правила. Преговори нема .   ВМРО ДПМНЕ проблемот го лоцира во неусогласените ставови на владејачките СДСМ и ДУИ. Без нивен консензус не може да се ,,отвори,, Изборниот законик.  За опозициската партија приоритет се препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

СДСМ се надеваат дека работните групи  ќе се сретнат во текот на наредната недела по што ќе се соопшти договореното.

Освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР,  измените на Изборниот законик  содржат  предлог  кој се однесува и на  отворените листи, праг од 2% за собирање потписи за независни листи и 3% за кандидатите за советници. Следеа лавина реакции од помалите партии, невладини организации и граѓански здрженија. а Претседателот Стево Пендаровски најави дека доколку се усвои тој нема да го потпише . По ова власта најави остапка на прагот од 1% или останување на старото решение.Антикорупцсиката комисија ова го оцени како класичен пример на политичка корупција која ќе овозможи зголемено влијание на политичките партии врз советниците при носењето одлуки во интерес на партиски цели, со истовремено намалување на учеството и влијанието на поединци и граѓански здруженија во општинските совети.

Со или без Изборниот законик пратениците од понеделник се враќаат од одмор а првата седница најверојатно ќе се одржи во вторник. Во текот на вчерашниот ден до нив пристигнале нови 7 закони меѓу кои законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции кој ќе се носи со европско знаменце.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе