ВМРО-ДПМНЕ утврди неколку имиња за кандидати за градоначалници кои ќе треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет во недела, брифираат за Телма високи партиски извори.
Според нив кандидатите кои се веќе утврдени се Даниела Арсовска, претседателката на Сојуз на стопански комори за Град Скопје, Орце Георгиевски, поранешен член на ИК и актуелен советник за Кисела Вода, Бобан Стевковски, поранешен претседател на Унија на млади сили за Гази Баба, Наташа Котлар, историчар за Центар, Дејан Митревски за Аеродром и д-р Александар Стојковски за Ѓорче Петров.
Официјално партијата демнатира дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори.
ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година
