Свет Топ вести

Талибанците го зазедоа и Кандахар, Кабул е опколен

Талибанците ја продолжија офанзивата во Авганистан, заземајќи го вториот по големина град – Кандахар.

Кандахар е главен град на истоимената провинција, но е посебно место за талибанците, бидејќи нивното движење потекнува од ова место. Со оваа акција, тие го продолжија својот марш кон главниот град Кабул, имајќи предвид дека за нецела една недела претходно освоија уште  12 провинциски главни градови.

Според досегашните информации, службениците во Кандахар успеале да стигнат до аеродромот пред во градот да влезат талибанците.

Тие сега го опколија Кабул и прашање на време е кога ќе успеат да го нападнат градот. Најдобар момент за тоа, сметаат експертите, е 1 септември – датумот кога американските војници пристигнаа во Авганистан во 2001 година, откако претседателот Џо Бајден најави целосно повлекување на војниците до 1 септември 2021 година.

Токму оваа одлука им овозможи на талибанците да тргнат во офанзива, без страв дека американските или НАТО војниците ќе ја попречат нивната кампања. Американските власти денеска им наредија на вработените во нивната амбасада да се подготват за евакуација, и им порачаа на граѓаните да ја напуштат територијата на Авганистан што е можно поскоро.

САД наскоро ќе испратат околу 3.000 војници, што ќе овозможи ефикасна евакуација на амбасадата, бидејќи аеродромот во Кабул е под постојан надзор на талибанците. Пентагон објави дека една армија и два пешадиски баталјона ќе влезат во Авганистан во следните два дена заа да ја обезбедат областа на аеродромот.

Обединетото Кралство, исто така, ќе испрати околу 600 војници поради евакуација на своите граѓани.

Талибанците сега контролираат две третини од Авганистан, а американските експерти проценија дека Кабул ќе „падне“ за само 90 дена, иако е можно рокот да биде скратен, со оглед на брзото напредување на талибанците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе