Свет

НАТО: Ситуацијата во Авганистан е тешка и предизвикувачка

НАТО безбедносната ситуација во Авганистан ја оцени како „тешка и предизвикувачка“ и ги повика милитантните талибанци да прекинат со нападите.

Ја споделуваме длабоката загриженост со Советот за безбедност на Обединети нации за високото ниво на насилство предизвикано од воената офанзива на талибанците, вклучително и нападите врз цивили и извештаите за други сериозни прекршувања на човековите права, изјави неименуван претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА.

Тој додаде дека нема воено решение за конфликтот.

Талибанците мора да разберат дека тие никогаш нема да бидат признати од меѓународната заедница ако го отфрлат политичкиот процес и се обидат да ја преземат земјата со сила. Мора да ги прекинат нападите и да учествуваат во мировните преговори со добра волја.

Тој ги повика сите регионални актери да бидат конструктивни, бидејќи стабилен и безбеден Авганистан е во корист на сите.

Од почетокот на повлекувањето на меѓународните трупи на почетокот на мај, талибанците заземаат град по град и голема територија е под нивна контрола. И покрај тоа, САД, како и Германија, се држат до своите плановите за повлекување од Авганистан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе