Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата со ново задолжување – побара 70 милиони евра од домашна банка

/

Економија

Сподели преку :

Нови 70 милиони евра кредит за покривање на буџетските потреби. Владата донесе одлука за долгорочно задолжување кај Шпаркасе банка. Одлуката е објавена и на страницата на Владата и во базата на правни акти.

Под кои услови ќе бидат земени парите, треба да стои во договорот меѓу државата и банката. Покрај задолжувањето на меѓународните пазари, но и на домашниот преку издавање на државни хартии од вредност, ова е дополнителен извор на средства  за потребите на државната каса.

Паралелно пред извесно време падна одлука државата да се задолжи и на странските пазари од 150 милиони евра, преку таканаречена мини еврообврзница со камата од 5, 25 отсто за враќање на надворешен долг.

Пред неколку дена пак министерката за финансии Кочоска на презентацијата на новиот ребаланс на буџетот кажа дека сумата за ова задолжување требала да биде поголема, но поради условите на пазарите се одело со помал износ.

Во меѓувреме тече амандманската расправа за новото прекројување на државната каса. Меѓу главните теми е и новото задолжување на државата, поддршката на домашните компании, капиталните инвестиции и дефицитот.

-Прочитајте го буџетот и ќе видите како ги кратите парите за домашните компании. Го сменивте законот за финансиска поддршка и по тој основ на 170 фирми им должите 750 милиони денари, за годинава требаше да потпишете 210 нови договори, според моите информации 90 отсто од овие договори се блиски до ВМРП ДПМЕ. И уште нешто, прашајте ја министерката денеска зошто 70 милиони евра од домашните банки зошто ги зема, оти нема пари, вели пратеникот до СДСМ Фатмир Битиќи.

Од власта пак во одбрана на своите политии.

-Во ваше време само струмички компании преку Фондот за иновации добиваа помош, а во однос на Бехтел и енка и коридорите 8 и 10 Д, не знам што вие сте направиле, освен една мајчка и една димна бомба и ниту шајка немавте заковано, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со новиот ребаланс кај дефицитот нема промени, останува на 4,1 отсто од БДП. Нема корекција ниту кај јавниот долг кој во моментов е скоро 59 отсто од БДП и според документите до 2028 година проценките се дека ќе биде над 60 отсто односно над црвените линии.

И кај приходите кај расходите се крати по 86 милиони евра. Најмногу пари губи енергетика и животна средина. Стапката на раст останува на проекциите од 3, 5 отсто, а инфлацијата од 3, 8 проценти.

Ирена Чачкова

 

Jumbo 2