Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лула освои четврти претседателски мандат во Бразил  

/

Свет

Сподели преку :

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, освои четврти мандат на функцијата, победувајќи го десничарскиот кандидат Флавио Болсонаро во вториот круг од претседателските избори. Според резултатите од 98,87 отсто преброени гласови, Лула освоил 51,79 отсто, наспроти 48,21 отсто за неговиот противкандидат.

Победата на 80-годишниот Лула доаѓа по пресврт во однос на првиот круг, во кој предност имаше Болсонаро. Поддржувачите на актуелниот претседател ја прославија победата на улиците на Сао Паоло, а Лула им се заблагодари на гласачите, особено на младите, жените и просветните работници, истакнувајќи дека ја одбраниле бразилската демократија.

Изборите беа проследени со политички тензии и обвинувања за проблеми со пристапот до гласачките места. Кампањата на Флавио Болсонаро побара поништување на резултатите, оценувајќи ги како „необјасниви“, но претседателот на Врховниот изборен суд ја потврди победата на Лула. Тој ќе остане на функцијата до 2030 година, станувајќи првиот претседател во историјата на Бразил избран за четврти мандат.