Заврши гласањето на предвремените парламентарни избори во Србија.
До 19 часот излезноста, според проекциите на набљудувачката мисија ЦРТА, изнесува 67,8 проценти од вкупниот број на гласачи.
Иако изборниот ден помина релативно мирно, сепак беа регистрирани повеќе инциденти и повреди на изборниот процес.
Изборите во Србија од Белград ги следат Срѓан Стојанчов и Наум Пуленџовски.












