Младински протест организиран преку социјалните медиуми ескалираше во судири со полицијата, палење барикади и грабежи во центарот на Барселона.
Околу 100 лица, вклучувајќи 27 малолетници, беа уапсени откако групи фрлаа предмети кон полицијата, запалија контејнери за ѓубре и оштетија продавници.

Според медиумите, толпи маскирани млади лица подигнале барикади во близина на улицата Вергара во Барселона и запалиле мебел, што ги натерало локалните бизниси да затворат.
Немирите во Шпанија доаѓаат во услови на бран демонстрации и немири низ Франција и Италија.
Каталонскиот претседател Салвадор Иља го осуди насилството и рече дека одговорните ќе се соочат со последици.
Илјадници луѓе маршираа и во неколку португалски градови барајќи прифатливи станови, бидејќи зголемувањето на кириите и цените на недвижностите им го отежнува на младите луѓе и семејствата да најдат дом.
Во Лисабон, демонстрантите маршираа по главната авенија во градот кон плоштадот Росио, каде што демонстрантите поставија шатори во последните денови.

Властите насилно ги отстранија шаторите, но движењето продолжи. Демонстрантите носеа клучеви и транспаренти на кои пишуваше „Генерален штрајк за домување“ . Денеска на улиците на Лисабон има воени тенкови по најавите дека протестите ќе продолжат.













