Економија

Започнува кампањата на Нептун – “Заедно донираме повеќе”

Во рамките на воспоставената стратешка соработка помеѓу Нептун Македонија ДОО и СОС Детско Село, од 3ти до 19ти август, започнува Нептун кампања “Заедно донираме повеќе”.

Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во Нептун имаат можност да се вклучат во донаторска акција.

Ајде заедно да овозможиме децата и младите без родители и родителска грижа:

  • Да имаат топол дом, грижа и чувство на припадност
  • Да растат во семејство, опкружени со љубов и сигурност
  • Да имаат среќно и безгрижно детство
  • Да имаат квалитетно образование
  • Да имаат сигурна иднина
  • Да бидат едноставно ДЕЦА

СОС Детско Село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот е посветена на згрижување на деца без родители и родителска грижа, и во нашата земја ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ”Ниту едно дете да не расте само”.

Од друга страна Нептун Македонија ДОО е компанија со постојан активен однос во општеството.

Општествена одговорност на компанијата од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние работиме и се развиваме.

Долгорочната соработка и  поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше во креирање на ваква кампања.

Водени од моделот на заедничката вредност на идејата дека корпоративниот успех и социјалната заштита се меѓусебно зависни, за Нептун Македонија ДОО помошта на заедницата останува императив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

УЈП го презема Претседателството на Iota: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе