Вести Свет

Секој нововакциниран Американец ќе биде награден со сто долари

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика властите на американските сојузни  држави да го наградат секој нововакциниран граѓанин против Ковид-19 со 100 долари, за да се зголеми стапката на имунизација, соопшти Министерството за финансии.

Во соопштението на Министерството се наведува дека фонд од 350 милијарди долари може да се искористи за таква иницијатива, наменет за државите, локалните и другите власти да се борат против последиците од пандемијата со Ковид-19.

Американското Министерство за финансии соопшти дека ќе обезбеди техничка помош за користење на средствата од тие фондови за поддршка на помасовна вакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 5. издание на фестивалот „ Преку езерото“

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе