Дејан Георгиевски денеска во Скопје го донесе сребрениот медал освоен на Олимписките игри во Токио во таеквондо.
Новиот херој се запиша во историјата на македонскиот спорт како само вториот спортист кој од осамостојувањето освојува медал на Олимписките игри по Могамед Ибрагимов, кој стигна до бронза во Сиднеј 2000 година во борење.
Денеска на плоштадот „Македонија“, Георгиевски беше пречекан од неколку илјади граѓани, кои го скандираа неговото име и го поздравија со громогласен аплауз. Факелите и спортските химни беа дополнителен декор на славеничката атмосфера.
Георгиевски од бината на плоштадот најави дека во иднина Македонија ќе има побројна репрезентација на следните Олимписки игри во Париз 2024 година и можеби повеќе медали.
