Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе се бори во големото финале на Олимписките игри во категоријата над 80 килограми.
Македонецот денеска победи на три борби. Во четвртфиналето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4, а претходно во првото коло го елиминираше актуелниот светскиот првак Алба Кастиљо од Куба со 11-8.
Во полуфиналето нашиот натпреварувач го совлада Кореецот совлада Кјо Дон Ин со 12-6.
Во финалето Георгиевски ќе се соочи со Владислав Ларин од Русија, кој во полуфиналето беше убедлив против Кинезот Сун со 30-3.
