Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со новиот пат земјоделците нема како да стигнат до оризовите полиња

/

Економија

Сподели преку :

Со изградбата на експресниот пат Штип- Кочани земјоделците од општината Чешиново Облешево стравуваат дека ќе им биде отсечен пристапот до нивните оризови полиња.

Земјоделци од селата Спанчево, Соколарци и Бања излегоа на двочасовен предупредувачки протест, при што со земјоделска механизација го блокираа сообраќајот и изградбата на експресниот пат. Тие револтирани и затоа што надлежните државни институции воопшто ме ми одговориле како ќе им се реши пристапот до нивите кои остануваат отсечени со новиот пат. Градоначалникот на општината го поддржа протесот, но вели дека има решение – да се изгради земјоделски пат, но земјоделците се одлучни дека ќе ги продолжат блокадите додека не добнијат одговор од власта.