Средината на летото, но далеку од мирно. Олабавувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, му даде сила на делта сојот лесно да се шири. Па така, најновите податоци на СЗО велат дека делта сојот првично појавен во Индија сега веќе стана доминантен и во Европа.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести вели дека Делта-варијантата веќе е регистриран во 19 од 28 земји. Генетското секвенционирање покажало дека во речиси 69 отсто од изолираниот вирус бил делта, со што ја надмина Алфа-варијантата. До крајот на летото, делта сојот ќе продолжи да се шири и ќе ги истисне од циркулација другите варијанти освен ако не се појави друг посеилен вирус. Од СЗО велат дека добрата вест е што двојна доза од вакцината го намалува ризикот на лоша клиничка слика и смрт.
Сигурно ќе има нови варијанти. Постојат стотици и стотици соеви. Ова го следиме уште од самиот почеток. Но, најчести тие не се опасни. Но, делта и делта плус сојот ќе мора да ги набљудуваме многу внимателно. Но, кое е решението: поголема преносливост, повеќе соеви. Со други зборови, мора да ја забрзаме вакцинацијата, вели Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Делта сојот ги напаѓа невакцинираните и младите. Иако не е задолжителна, вакцинацијата деновиве стана жешка тема со протести низ Европа, посебно откако на невакцинираните им е ограничена летната слобода со забранет влез во рестораните и кафулињата. За да не се загуби туристичката сезона, француската ривиера почна да нуди вакцини на плажите.
Ова е одморалиште и има многу турсити. Бевме подготвени за оваа можност и добро се справивме. Имаме туристи кои тука се вакцинираат. Ако останат еден месец, им даваме прва и втора доза во спротивно, или само првата, а втората си ја примаат каде што живеат, вели АГНЕС ГАТО, од ВАКЦИНАЛЕН ЦЕНТАР МАРСЕЈ
Во изминатава недела, на глобално ниво, бројот на заболени се зголеми за 3,4 милиони, односно за 12%. Со оваа стапка СЗО проценува дека кумулативниот број на потврдени случаи ќе надмине 200 милиони во следните три недели. Мислењето дека топлото време го стопира ширењето на вирусот одамна падна во вода. За да се спречи ширењето на делта сојот, освен вакцинацијата, се препортачуваат старите добри мерки – маска, дезинфекција и физичка дистанца. Ова се мерките за кои знаеме дека функционираат. Од СЗО велат дека треба да ги сметаме како мерки против „затворање“ бидејќи дејствуваат во спречувањето на ширењето на болеста без да треба да се затвора голем дел од општеството.
Алиса Шутиноска
