Од денеска, сите кои сакаат да одат во кино, музеј или на спортски натпревар во Франција ќе мора да приложат доказ дека примиле две дози од вакцината или дека неодамна го прележале ковид-19, односно негативен ПЦР тест. Дури три милиони луѓе се пријавиле за вакцинирање во првите 72 часа откако оваа мерка беше најавена на 12 јули.
Ова следува откако Франција вчера регистрираше 18.000 нови случаи на коронавирус, откако минатата недела дневниот просек бил 7.000.
„Вакво нешто не сме виделе досега. Делта сојот придонесува за поголем број нови случаи од некои претходни варијанти“, изјави министерот за здравство Оливје Веран.
Во меѓувреме, продолжуваат масовните протести против ковид мерките, и против вакцинацијата.
