Свет

Рекорден број мигранти го преминале Ла Манш за еден ден

Најмалку 430 мигранти вчера го преминаа Ла Манш кон Велика Британија што е рекорден број во еден ден, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека „се преземаат значајни чекори за решавање на неприфатливиот проблем со илегалната миграција“.

Околу 50 луѓе биле видени како пристигнуваат на брегот во Дангенес во Кент, откако го преминале каналот во гумен чамец. Во групата имало и жени и мали деца. Ова се случи откако осум чамци со 241 мигрант пристигнаа во Велика Британија во неделата.

Според Би-Би-Си, досега оваа година, скоро 8.000 луѓе пристигнале во Велика Британија со околу 345 бродови. Претходниот дневен максимум од 416 мигранти беше поставен во септември 2020 година.

Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, вети дека со нови законски решенија премините преку каналот ќе ги направи „неодржливи“.

Нацрт-законот за државјанство и граници, кој во моментов го разгледуваат британските законодавци, предвидува мигрантите што влегуваат без дозвола да можат да добијат затвор до четири години. Владата се надева дека ревизијата на правилата за азил ќе ги спречи мигрантите кои се селат од континентална Европа кон Британија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Ненадејно почина републичкиот сенатор Линдзи Греам

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе