Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов 48-часовен притвор за осомничените за убиствата во Ѓорче Петров

/

Македонија

Сподели преку :

Четворицата осомничени за двете разбојништва со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров денеска повторно ќе бидат изведени пред судија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе побара нов краткотраен притвор во траење од 48 часа, додека продолжува истрагата и прибирањето докази за двата случаи.

Од Обвинителството информираат дека се преземаат дополнителни истражни дејствија.

Четворицата осомничени – тројца скопјани и еден струмичанец за две кривични дела „разбојништво“ со смртна последица, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Апсењата беа реализирани во координација со Обвинителството, по претходно издадени наредби, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.

 

ТЕЛМА дознава: Осомничените разбојници признале по апсењето за двете убиства во Ѓорче Петров, најдени и ДНК траги

МВР соопшти дека 4-ца се осомничени за убиствата на две постари лица во Ѓорче Петров, а Телма дознава дека при истрагата, уапсените кои директно учествувале во нападите ги признале разбојничките дела. Извор од истрагата за Телма вели дека во еден разбојнички напад во кој жртвата настрадала учествувале двајца, додека во вториот напад кој исто така… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2