Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата размислува вториот пензиски столб да не биде задолжителен

/

Македонија

Сподели преку :

Владата најавува промени во начинот на функционирање на вториот пензиски столб. Се размислуваат неколку сценарија, а во игра е и можноста на граѓаните самите да одлучуваат дали пензиските придонеси ќе ги уплаќаат во државниот, во приватниот или во двата столба. Засега ова се опциите коишто се разгледуваат и одлуката не е донесена. Премиерот Мицкоски вели дека приватните компании се покажале како слаби претприемачи и не ги оплодувале парите на граѓаните.  

„Не можете вие да ги користите средствата од граѓаните и да не ги оплодувате, да не носите приноси такви какви што треба и какви што сте се договориле пред 20 години. Тогаш е почната оваа реформа. И сега некој друг да ви е виновен. Тоа така не оди. Ако сте неуспешен во бизнисот, доаѓа некој друг којшто е поуспешен. И сега ние разгледуваме некое меѓу, хибридно решение, во коешто на граѓаните ќе им се даде слобода да си донесат самите одлука дали ќе сакаат да го користат само државниот или ќе сакаат и во државниот и во приватните пензиски столбови“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Како можни решенија се анализираат и целосно национализирање на вториот столб, како и привремено запирање на уплатите, по примерот на некои европски држави.

„Имаме неколку сценарија коишто ги разгледуваме, да речеме во Европа што се случувало. Имаме целосно национализирање на вториот пензиски столб и тоа го имаат неколку држави од централна Европа, како Унгарија, Полска и така натаму. Имаме скандинавско-балтички модел, концепт, каде што една година или повеќе е стопирана уплатата во вториот задолжителен пензиски столб“, додаде премиерот Мицкоски. 

Премиерот уверува дека досега уплатените средства на граѓаните се сигурни и законски загарантирани. Од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови засега не ги коментираат владините најави и велат дека приносите се такви затоа што имаат законски ограничувања каде да ги инвестираат парите. Во друштвата сега се менаџираат околу 3,5 милијарди евра, а имаат 643.000 членови. Годишниот принос се оплодува со стапка од 5,5 отсто годишно, а последните податоци покажуват дека ако се одземе инфлацијата е околу 2 отсто годишно.

 

Jumbo 2