Каде заглави институционалната заштита на жените и кој треба да го одмота јазолот околу законското решение? Невладините вперуваат прст во политичарите, а тие ја префрлаат одговорноста едни на други и ги објаснуваат процедурите. Активистите бараат брз одговор од надлежните, додека полицискиот билтен секојдневно ги нотира најновите пријави. Една од најновите ...
Кој дозволил Алта банка да влезе на македонскиот финансиски пазар и дали гувернерот на Народната банка треба да понесе политичка одговорност? Ова се прашањата што СДСМ ги отвора со интерпелацијата за Трајко Славески, откако претходно поднесе и кривична пријава. ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со контраобвинувања кон поранешната власт. Политичката битка продолжува во ...
Нови прозивки за функционери избрани од законодавниот дом. Опозициската СДСМ денеска поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Социјалдемократите бараат и политичка покрај кривична одговорност, за што претходно поднесоа и кривична пријава до Обвинителството. Лидерот на партијата Филипче вели дека гувернерот не одговорил на клучните прашања. ...
Пратениците завршија со општата и преминаа на амандманската расправа за Буџетот за 2027 година. Поднесени се над 300 амандмани за Предлог-буџетот, кои ќе се разгледуваат во рамки на собраниската процедура. Поголем дел од нив доаѓаат од опозицискиот СДСМ. „СДСМ и коалицијата поднесоа вкупно 225 амандмани од коишто 64 се општи ...
Кој ја внесе Алта банка во Македонија, кој ги проверуваше нејзините сопственици и зошто институциите сè уште молчат? Случајот ја продолжува политичката пресметка помеѓу власта и опозицијата, а во фокусот на партиските реакции се гувернерот, државниот обвинител, но и одлуките на претходната власт. Од СДСМ бараат обвинителството да постапи по ...
Минатата недела прекинати поради паузи на седницата, а овојпат точно навреме. Продолжија опозициските пратенички прашања во законодавниот дом. Повеќе теми се отворија на денешното соочување со претставниците на власта, но најжешките теми како Алта банка и Кривичниот законик останаа надвор од дебатата. Социјалдемократите најпрво го отворија прашањето за пензискиот систем ...
Уставот е повторно на маса и исправен пред предизвикот за измени како обврска наметната однадвор, но консензусот сè уште е недостижна политичка цел. По 36 амандмани за три ипол децении, државата повторно се соочува со потребата од промени на највисокиот правен акт. Во Собранието денеска се одбележа 35-годишнината од осамостојувањето ...
Народната банка објави оглас за продажба на Алта банка. Се продаваат 372.742 обични акции, по почетна цена од 3777 денари, утврдена врз основа на тековната берзанска цена. Првата аукција е на 30 ноември, ако не се продадат тогаш другите аукции ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 ...
Владините коалициски партнери во декември ќе ги усогласуваат ставовите на лидерска средба, а меѓудругото, ќе се отвори и прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Ова го најави премиерот Мицкоски, додека во јавноста сѐ уште се дебатира за употребата на јазиците во правосудството. Власта и дел од уставните ...
Предвремените избори полека се губат од политичките калкулации на Владата. Премиерот Мицкоски ја става финансиската стабилност пред партиските интереси, оценувајќи дека изборен процес во овој момент би ја втурнал државата во сериозен финансиски ризик. На денешниот брифинг со медиумите, тој призна дека од чисто политички аспект, предвремените избори би биле ...
Кривичниот законик повторно се најде пред пратениците, овојпат со образложение за усогласување со европските финансиски стандарди. Собранието денеска ја изгласа потребата од измени на Законикот кои владеачкото мнозинство ги претставува како кратка и наменска интервенција поврзана со ризиците од членството на Македонија во СЕПА-европскиот систем за побрзи и поевтини трансакции ...
Европската интеграција бара повеќе од политички ветувања и утврдени рокови. Потребни се реформи, доверба и заеднички пристап, ова го вели шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Смета дека билатералните односи и прашањето со Бугарија се од голема важност, но не и единствена обврска на европскиот пат. Министерот Муцунски вели дека е ...
Македонија во изминатата година не презела никакви чекори за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот – ова е клучната порака од Европската комисија, во најновиот извештај за напредокот на земјата. Во документот се нотира застој во дел од клучните реформи, неисполнети препораки за реформирање на изборното ...
Нови прозивки во законодавниот дом за министри во Владата на Мицкоски. Какви се врските на Иван Стоилковиќ со Вучиќ и неговата партиска структура во соседството, чии интереси застапувал и дали имал соработка со странски разузнавачки структури. Oва се прашањата на кои опозициските пратеници ќе побараат одговор од министерот за локална ...
258 гласа разлика или нецели три проценти – со овие бројки од вчера Брвеница има нова локална власт. Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј ја доби довербата да биде прв човек на општината со која до скоро владееше ВМРО-ДПМНЕ. Главната прослава на интегративците се одвиваше во с. Челопек, каде што заедно ...
Најавените промени во вториот пензиски столб отвораат низа прашања за иднината на пензискиот систем. Дали реформите навистина се потребни и во интерес на идните пензионери, каде лежат причините за остварените приноси и какви последици би имал евентуалниот избор на граѓаните сами да одлучуваат каде ќе ги уплаќаат пензиските придонеси? За ...
Владата најавува промени во начинот на функционирање на вториот пензиски столб. Се размислуваат неколку сценарија, а во игра е и можноста на граѓаните самите да одлучуваат дали пензиските придонеси ќе ги уплаќаат во државниот, во приватниот или во двата столба. Засега ова се опциите коишто се разгледуваат и одлуката не ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил дека Развојната банка законски управувала со кредитната линија од 250 милиони евра за домашните компании, но Министерството за финансии доцнело со исплатата на дел од средствата. Министерството доцнело и до 48 работни дена, иако рокот за исплата бил 10 работни дена. Доцнењата започнале во ...
