Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не сака воен конфликт со Европа, но е подготвена за такво сценарио доколку европските земји се одлучат за ескалација.
Тој истовремено порача дека ги поддржува чекорите за обновување на односите со европските држави, предупредувајќи дека во евентуална војна нема да има победници.
Путин ги даде изјавите во контекст на разговорите со финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, кои ги оцени како чекор во вистинска насока.
Тој исто така оцени дека Западот не успеал да ја постигне целта за стратешки пораз на Русија.
Меѓувреме, западните разузнавачки проценки предупредуваат на можноста Москва да ги тестира одбранбените капацитети на НАТО преку ограничени воени или хибридни операции, вклучително и сајбер-напади во Источна Европа.
Според медиумските извештаи, Москва би можела да ги искористи идните мировни преговори за Украина за да побара промени во безбедносното присуство на НАТО во Источна Европа.
Меѓу можните барања се намалување на военото присуство на Алијансата во Полска, балтичките земји и Финска.












