Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На 53 избирачки места во Србија ќе се повторат изборите

/

Свет

Сподели преку :

Републичката изборна комисија одлучи дека вонредните парламентарни избори во Србија ќе се повторат на 53 избирачки места во недела, 1 ноември, во периодот од 07:00 до 20:00 часот.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, изјави дека станува збор за избирачки места каде што не било можно да се утврдат резултатите од гласањето (31 избирачко место), како и за оние каде што гласањето било поништено (22 избирачки места).

На седницата, исто така, едногласно е одлучено да се испечатат 24.438 гласачки ливчиња, пренесува Nova.rs.

Избирачките места каде што не било можно да се утврдат изборните резултати се наоѓаат во Алексинац, Бачка Топола, Бојник, Владичин Хан, Инѓија, Коцељева, Кула, Куршумлија, Мајданпек, Ќуприја, Суботица и Шид.