Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералната директорка на РТС поднесе оставка

/

Свет

Сподели преку :

Генералната директорка на Радио Телевизија Србија (РТС), Мања Грчиќ попладнево поднесе оставка на функцијата, пренесува Јуроњуз Србија. Одлуката, како што се додава, ја донела по разгледување на актуелните околности во кои работи РТС и оценила дека најважно е да се обезбеди непречено функционирање на јавниот сервис.

Нејзината одлука доаѓа по поедини вработени во РТС, како и кандидати на Студентската листа, побараа нејзино заминување од позицијата.

Студентите во изминатиот период предупредуваа дека РТС не известува објективно и непристрасно, туку во полза на Александар Вучиќ. Го обвинуваа јавниот сервис и за намалување на важноста на студентските протести, за премолчување на важни информации, наместо да служи во интерес на поранешната владеачка партија.

Грчиќ беше именувана за генерална директорка на РТС на 11 февруари оваа година со одлука на Управниот одбор на јавниот сервис на мандат од пет години. На функцијата стапи 14 дена подоцна како прва жена на чело на РТС.