Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Десетици мртви се судрија два воза јужно од Мадрид – шпанските служби за итни случаи се на терен

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку зо лица загинаа откако два воза се судрија јужно од Мадрид, изјави регионален функционер.

Портпаролката на регионот Хунта де Кастиља-Ла Манча, Естер Падиља, изјави за локалната телевизија дека бројот на жртви би можел да се зголеми.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вели дека е „шокиран од сериозната железничка несреќа“ и дека е во постојан контакт со министерот за транспорт.

Железничкиот оператор Адиф вели дека инцидентот се случил помеѓу воз на Ренфе и друг на операторот Ирјо, која ја покрива линијата Мадрид до Севиља.

Според првичните информации, возот на операторот Ренрфе удрил во последниот вагон на возот на Ирјо, кој стоел во место поради некако проблем на пругата.

Портпаролот на шпанските служби за итни случаи изјави за АФП дека „сите ресурси моментално се распоредени“, вклучувајќи „неколку противпожарни екипи, три хеликоптери и две мобилни единици за интензивна нега“.

Естер Падиља, портпаролка на владата на регионот Кастиља-Ла Манча, изјави за TVE дека еден од возовите – со кој управува компанијата „Ирио“ (Iryo) – превезувал 146 патници и едно бебе, додека во возот со кој управува „Ренфе“ (Renfe) имало 397 патници.

„Бројот на потврдени смртни случаи, кој моментално изнесува 10, речиси сигурно ќе се зголеми“, рече таа. „Ситуацијата ќе се влоши.“