Свет Топ вести

Во САД пристигнал патник од Африка со нова зараза- мајмунска сипаница

Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД.

ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници.

Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од Нигерија до Атланта, а потоа од Атланта до Далас, јави весникот „Хил“.

Лицето било хоспитализирано во Далас, а официјалните лица се обидуваат да стигнат до луѓето кои биле во контакт со заразеното лице за време на летовите.

„Мајмунската сипаница е ретка, но потенцијално многу опасна вирусна болест која вообичаено почнува со симптоми на грип. Лимфните јазли отекуваат, а потоа се појавува исфрланост што се шири по лицето и телото“, соопшти ЦДЦ.

Сојот на мајмунска сипаница кај лицето од Далас веќе е забележан во Нигерија и Западна Африка.

Инфекцијата може да трае од две до четири недели, а болеста има стапка на смртност од околу еден процент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Нови правила за организирање игри на среќа – се воведуваат задолжителни дозволи и плаќање надоместок од 18 проценти од вкупниот награден фонд

Дејан Дејан

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе