Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ги прогласија Институтите Конфучие за закана за националната безбедност

/

Свет

Сподели преку :

Министерството за одбрана на САД ги прогласи културните центри на универзитетските кампуси финансирани од Кина,а познати како Институти Конфучие, за закана за националната безбедност на САД, изјави министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Хегсет тврди дека Институтите Конфучие на американските универзитети работеле тајно и дека Пентагон ги вклучил во списокот на институции што ја загрозуваат националната безбедност на САД.

„Се покажа дека на 30 универзитети се појавиле 80 нови пропагандни ќелии, користејќи различни имиња и статути, но со иста цел: кражба на интелектуална сопственост и инфилтрирање во умовите на американските студенти“, рече Хегсет.

Во текот на изминатите два месеца, Министерството за одбрана „систематски разби секоја од овие организации“, додаде тој.