Средношколците и претставниците на средношколските организации ќе имаат средба со францускиот пртседател Емануел Макрон во Елисејската палата за да ги кажат своите барања загрижености по демонстрациите обележани со насилство, објави француското претседателство.
Ќе бидат присутни членови на главните студентски здруженија кои ја претставуваат различноста на нивните ставови и Академските совети за студентски живот.
Студентските организации ќе одржат прес-конференција во близина на Елисејската палата по состанокот.
Во Франција, за утре, 24 октомври, се најавени нови протести, особено во Париз, но и во други поголеми градови како што се Марсеј, Лион, Ница, Бордо.
Бранот масовни протести во Франција започна кон средината на септември како локален штрајк и бунт на ученици и наставници во средно училиште во предградие на Париз, а причината беа лошите услови во образованието, хроничниот недостиг на наставници, преполните училници и запуштените училишни згради.
Протестите се проширија во средните училишта и факултети низ целата земја, а беа проследени со масовни блокади и судири со полицијата.












