Кои се вистинските причини за вториот ребаланс на буџетот само три месеци од претходната корекција? Каква е врската на намалените приходи поради нафтената криза, со зголемените расходи за социјални трансфери на сметка на капиталните трошоци. Што за јавните финансии значи задолжување кое не финансира капитални инвестиции туку тековни трошоци?
Во Вин-Вин дебатираат Ванчо Узунов и Мирче Јовановски.
- Фискалниот совет во својата анализа констатира дека од развоен преминува во социјален буџет. Инаку само минатата година иако немаше ребаланс имаше прераспределба при крајот на годината и тоа во значителен износ, па дури имаше и дебати дали треба ребаланс да се прави или се може да помине со прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници. Ние за десет месеци имаме практично четири буџети, кон крајот на минатата година беше изгласан буџетот за 2026 година, ви јули месец првиот ребаланс, сега се дебатира за вториот ребаланс, а веќе во процедура е, мислам дека за десетина дена треба да биде законски испорачан буџетот за наредната година. И плус до крајот на годината може да дојде и до нова прераспределба, рече Мирче Јовановски, новинар во Независен.мк.
Узунов појасни дека прераспределба и ребаланс е едно исто, со таа разлика што прераспределбата ја прави самата влада, а во ребалансот е вклучено и Собранието.
- Очигледно е дека Владата, иако јас не знам зошто во јули се направи ребаланс, според мене тоа беше прерано иако и требаше да се почека барем до септември за да се види, со оглед на целата ситуација која што владее во светот, неизвесноста, енергетската криза и сл. според мене требаше да се почека барем до септември, потенцираше Јовановски.

Кои се вистинските причини за вториот ребаланс на буџетот само три месеци од претходната корекција? Каква е врската на намалените приходи поради нафтената криза, со зголемените расходи за социјални трансфери на сметка на капиталните трошоци. Што за јавните финансии значи задолжување кое не финансира капитални инвестиции туку тековни трошоци? Во Вин-Вин дебатираат Ванчо Узунов и Мирче… Продолжи со читање












