Најмалку шест лица се повредени во руски ракетен напад врз Киев, при што оштетенисе станбени објекти и бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во нападот бил погоден и станбен дел во областа Днипровски, каде што се формирал голем кратер, а на терен интервенирале противпожарни и спасувачки екипи. Жителите сведочат за силни експлозии што ги разбудиле во текот на ноќта.
Нападот се случува во време кога Русија начелно се согласи на продолжување на трилатералните мировни преговори со САД и Украина, со цел да се најде решение за завршување на војната.
Сепак, најавата за нови разговори засега не го спречува продолжувањето на руските напади врз украинските градови.












