Најважни Свет

Најмалку 180 загинати во поплавите во Европа, попладне нови врнежи

Бројот на загинати од поплавите во Западна Европа се искачи над 180, откако спасувачите пронајдоа тела по повлекувањето на водата. Обилните дожд предизвикаа нови поплави во југоисточна Германија и Австрија, иако не во ист обем како разорните поплави минатата недела.

Посебно е погоден реонот на Салцбург, а во малиот град Халејн, улиците се претворија во реки, нема извештаи за исчезнати, повредени или мртви. Луѓето заробени во своите домови мораа да бидат евакуирани со чамци или камиони. Водостојот повторно опадна, но ситуацијата и понатаму е напната поради можноста за нови врнежи од дожд денеска.

Во Баварија, поројните врнежи синоќа повторно предизвикаа поплави. Околу 65 лица се евакуирани во германската област Бертесгаден по течението на реката Ар, каде најмалку едно лице загина. Куќите морале да бидат евакуирани затоа што имале ризик од уривање и има големи штети предизвикани од лизгање на кал на патиштата и железничките пруги.

-Имаше една локација од каде требаше да ги дислоцираме луѓето од една загрозена зграда, чија стабилност беше нарушена поради премногу вода. Неколку ситуации имаше каде возилата наеднаш се излизгале од патиштата, а патниците моравме да ги спасуваме. И за жал истотака имавме вонредни ситуации во кои имаше загинати луѓе – Антон Бранднер, командант на противпожарната единица.

Жителите од белгиската провинција Лиеж, каде неделава загинаа 27 луѓе, се обидуваат да ги расчистата просториите во своите домови и мали бизниси. Скршени од катастрофата проценуваат дека ќе им бидат потребни месеци работа за областа да се врати во нормала. Во моментов со потешкотии се одвива и снабдување со храна и вода. Големиот супермаркет што му служеше на градот е поплавен и нема да се отвори повторно.

-Она што беше овде беше сосема поплавено, знаете, и ние не мислевме дека е толку лошо, па … да. Тоа е многу изненадувачки, вели Луис Пирут, телевизиски техничар.

 

-Тоа е мојот живот. Моите пари. Со се е свршено, крај, рече Франсоа Вилмејн, сопственик на супермаркет.

 

-Го гледате она место таму. Целосно е уништено, никој не беше подготвен за ова. Во близина на улицата, се е уништено, се е уништено, рече Валери Корман, жител на Вервие.

Германската канцеларка Ангела Меркел во знак на поддршка за настраданите денеска го посети Шулд, село близу Ахрвејлер во Рајнска област-Пфалц, кое е целосно уништено. Во Германија во поплавите загинаа повеќе од 150 луѓе, од кои 110 се од ова место, се стравува дека бројот ќе се зголемува.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, изврши четири убиства и два обида за убиство

Kristina Kuzmanovski

Нов бран на екстремна топлина во Европа, ќе го зафати и Балканот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе