Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмладиот милионер во земјава има само четири години – добил дивиденда од банка, највозрасниот 97 години

/

Економија

Сподели преку :

Четиригодишно дете е најмладиот милионер во земјава. Остварил над еден милион денари од дивиденда од домашна банка. Највозрасниот, пак, има 97 години со приходи од пензија, но и од други извори. Од Управата за јавни приходи (УЈП) со анализа за минатата година.

Во 2025 биле поднесени над 860.000 даночни пријави, над 10 отсто повеќе од 2024 година. Највисоката бруто плата била исплатена во секторот „Вадење камен и јаглен“ во висина од, речиси, 190.000 евра. Но, највисоките три дивиденди лани ја надминуваат висината на највисоката плата. Исплатени биле во фирми во Гевгелија, во Охрид и во Арачиново. Највисок личен доход лани, пак, остварило лице од Гевгелија кој, пак, пријавил над 4 милиони евра приходи од плата, од закупнина и од дивиденда.

„Која е практичната корист на овие податоци? – Тие се основа за подобро следење на ефектите од даночните политики, процена на даночните ризици и откривање на можни случаи на неточен или непријавен доход“, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова.

Во однос на приходите од ДДВ за годинава, од УЈП соопштија дека заклучно со септември компаниите имаат побарувања на поврат на ДДВ во висина од 450 милиони евра, а исплатени биле 484 милиони евра. Иако во јавноста се зборуваше дека се доцни со повратот и по неколку месеци, од УЈП уверуваат дека таму каде што има контроли, може да се продолжи процесот на исплата.

„Постои законски рок од 30 дена по поднесување на барањето за поврат, а постапката бара повеќе време во случај кога случаите се селектирани врз основа на анализа на ризик и треба да ги провериме дополнително“, додава Петрова.

Од УЈП потенцираа и дека намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто кај горивата не значи дека ќе донесе и помали приходи кај оваа ставка. Тоа зависи и од продажбата и од цената. За тоа какви ќе бидат бројките, од УЈП тврдат дека појасна слика ќе имаат откако ќе заврши и последниот квартал година.

Ирена Чачкова