Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција поделена по немирите – eвропските лидери најавуваат строги мерки

/

Свет

Сподели преку :

Франција е соочена со политички поделби по насилните немири во текот на викендот, пришто беа ограбени повеќе од 3.000 продавници и деловни објекти, а беа запалени возила и оштетена јавна инфраструктура. Властите најавија истраги за идентификување на сторителите, додека политичките обвинувања дополнително ги зголемуваат тензиите во пресрет на претседателските избори во 2027 година.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, пак, најави построги безбедносни мерки по насилните протести и грабежите во Милано и во други градови. Владата предвидува казни до пет години затвор за учество во насилни демонстрации, дополнително распоредување на 500-тини војници во Милано и мерки за зголемување на одговорноста за штетите предизвикани од малолетници.

Во Тирана, албанската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите за време на насилните антивладини протести. Средношколци и студенти бараат пониски школарини, поголеми инвестиции во образованието и справување со корупцијата, додека поширокото протестно движење бара оставка од премиерот Еди Рама.