Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кос: Црна Гора мора да ги реши споровите со Хрватска

/

Свет

Сподели преку :

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Црна Гора мора да ги реши отворените билатерални прашања со Хрватска, доколку сака да продолжи кон членство во Европската Унија (ЕУ). Иако овие спорови не се формален дел од преговарачкиот процес, Кос нагласи дека за понатамошниот напредок е неопходна согласност од сите 27 земји-членки.

Кос го поздрави напредокот на Црна Гора во евроинтеграциите и оцени дека потпишувањето на пристапниот договор до летото 2027 година е реална цел, со амбиција земјата да стане членка на ЕУ во 2028 година. Таа посочи и дека усвоените уставни измени ја приближуваат земјата до затворање на Поглавјето 23 кое се однесува на правосудството и основните права.

Осврнувајќи се на прашањето за величење на воените злосторници, Кос нагласи дека таквите појави немаат место во ЕУ, истакнувајќи ги помирувањето и почитта кон жртвите како клучни европски вредности. Таа додаде дека претстојниот самит на Берлинскиот процес во Будва ќе биде можност дополнително да се зајакне европската перспектива на Црна Гора.