Најмалку 25 загинати при уривање на неколку згради во индискиот град Мумбај. Зградите биле урнати од свлечишта предизвикани од монуснските дождови. Од под урнатините спасасени се 15 лица, а голем број луѓе се водат како исчезнати. Поради надојдената вода во прекин е локалниот железнички сообраќај во Мумбај. Обилниот дожд предизвика поплави во ниските реони на градот.
- Нашата операција за спасување и спасување е во тек. Тимот на Националните сили исто така е на местото. Наскоро ќе ја завршиме спасувачката операција – Баласахеб Шрихари Гавате, полициски службеник.
- Дождот врнеше, потоа кал и карпи почнаа да се лизгаат. Слушнавме огромна врева околу 12:45 часот, а потоа сите излеговме од своите домови, вели локален жител.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
