Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Танкер со два милиони барели нафта налета на поморска мина во Ормускиот Теснец

/

Свет

Сподели преку :

Иранската револуционерна гарда соопшти дека избувнал пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, откако бродот, според нивни наводи, налетал на поморска мина. Пожарот наводно избувнал во машинското одделение по експлозија, а иранските државни медиуми објавија снимка од инцидентот.

Според официјалното соопштение, танкерот пловел по „неовластена јужна рута“, при што системите за позиционирање и навигација биле исклучени.

Командантот на поморските сили на Иранската револуционерна гарда, адмирал Али Озмаи, претходно изјави дека секој брод што ќе ги исклучи навигациските системи ќе се смета за непријателски.

Инцидентот дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец, една од клучните светски рути за транспорт на нафта.