Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највозрасниот 97 години – анализа на УЈП за 2025 година

/

Економија

Сподели преку :

Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави најновите податоци за 2025 година. Според анализата, најмладиот милионер во државата е дете на возраст од четири години кое остварило на еден милион денари од дивиденда, додека највозрасниот има 97 години. Парите ги направил од пензијата, но и од други приходи.

Во анализата на УЈП стои дека во 2025 година се поднесени над 860.000 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Најголем дел од доходот во 2025 година е од плата. Највисоката плата е исплатена во дејноста „Вадење камен и јаглен“ во висина од 139 милиони денари.

Највисоките три дивиденди се повисоки од највисоката плата и се исплатени од фирми во Гевгелија, Охрид и Арачиново.