Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Македонска правда гони мртов за подметнат пожар, жртвата исплаќа кредит за изгорената кола иако не ги откриле нарачателот и мотивот

/

Код

Сподели преку :

Траги од пожар на влезната врата во близина на палењењто на автомобил се уште се сведок за делото направено во центарот на Скопје на 29.11.2023., како материјален доказ дека некој некому овде сакал да наштети или да го заплаши. Возило марка Алфа Ромео е запалено пред зградата во близина на куката каде се уште има чад и гареж. Три години по инцидентот се уште нема осудени но има починати.

Двајца од тројцата сторители кои го извршиле се починати-еден се разнесе со рачна бомба не знаејќи како да ракува со неа, другиот во затвор од тешка болест. Третиот обвинет никогаш не се појавил на судење.Жртвата се уште  се прашува кој тоа есенско утро сакал да и наштети, да ја уплаши да ја уцени.. Пред да го запалат возилото, жртвата добивала телефонски повици. Броевите биле секогаш различни, скриени, или за една употреба. Понекогаш машки глас ќе и го изговорел името, но никој од оние кои и ѕвонеле и доцна во ноќта не бил препознаен ниту од жртвата ниту од полицијата. Последниот повик пред палењето бил на 24 Ноември.

               30-ти Ноември 2023.

Жртвата не насетувала дека нешто се случило. Утрото тргнала пеш на работа бидејќи возилото не било пред зградата туку неколку метри подолу. Но, по неколку часа добива повик од полицијата со страшна вест-возилото и е запалено. Не насетувала дека некој тоа намерно го направил. Уверена дека се случила несреќе поитала кон домот каде нашла само остатоци од нејзината кола.

Палењето се случило во текот на ноќта околу полноќ, а никој освен околните камери не забележал што се случува. Можеби е од електрична инсталација од околните бандери, или некој работел нешто со струјата-била уверена и жртвата и соседите оти без оглед на телефонските повици никој не и се заканувал ниту имала непријатели ниту пак некогаш запознала некој кој би се движел во криминални кругови за да и наштети.

Една искра од жица веројатно направила штета бил заклучокот. Но, истрагата ги покажала лицата на сторителите. Две млади момчиња околу полноќ ја полеваат колата со бензин и ја палат. Камерите од околните дуќани не ги дефинирале лицата -тие биле маскирани.

Од тука почнува стравот-кој сакал да и наштети на жртвата? Испрашување во полиција, прибирање докази иод мјестото каде е возилото запалено . вештачење- утврдено е дека не е искра од жиците на околните бандери туку намера да се наштети.

Неколку дена подоцна ….

Во рутинска акција на полицијата уапсени се три лица откако е направен упад во нивниот изнајмен стан. Се бараат за неколку кривични дела. Палење возила, обид за убиство и други… Во станот се наоѓаат Мартин Сипковски, Дамјан Тодосиевски викан Жаволот и Бомнчо Димовски… При претресот е одземен телефонот на дамјан со прекар Ѓаволот. А внатре доказ- како Мартин и Бончо го палта возилото на ѓртвата -испратена снимка до Дамјан како потврда дека налогот е извршен. Така слулчајно полицијата открива кој стои задпалењето на Алфа Ромео во центарот на Скопје. Жртвата вооопшто не ги познава овие млади момчиња а до денеска-три години по настанот ги нема видено никогаш на суд .

Соопштение на СВР Скопје за случајаот од 2023-та:

СВР Скопје поднесе три кривични пријави против М.С.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „предизвикување на општа опасност“, против Д.Т.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „поттикнување“ и две кривични дела „помагање“ и против Б.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „соизвршителство“, во врска со кривичните дела „предизвикување на општа опасност“.

На 29.11.2023 во Скопје, пријавените истуриле бензин на паркирано патничко возило „алфа ромео“, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон.

На 13.11.2023 во Скопје, второпријавениот му дал пиштол „застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, со кој испукал пет куршуми кон влезната врата од станот на И.О.. Истото го повториле и на 28.11.2023 на бул. „АСНОМ“ во Скопје, кога второпријавениот му го дал пиштолот „Застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, од кој испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило „форд“ сопственост на Б.К., оштетувајќи го возилото.

Мартин Сипковски

Ракометар , Манекен со домашно и меѓународно искуство студент на факултетот за Бизнис и Менаџмент -никој не би помислил дека некој со вакво ЦВ може да направи тешки кривични дела. Но иако млад штотку наполнил осумнаесет годни во неговото CV  се додаваат и други детали- разбојништво, тешки дела против безбедностѕа на луѓето и сообраќајот, предизвикиување општа опасност, палење автомобил, обид за убиство. Последното дело според пресудата се случило на 15 септември 2024та година речиси една година по палењњето на автомобилот а во Јуни 2025 е прогласен за виновен и осуден на 7 и пол  години затвор. Пресудата не е правосилна а на Мартин Сипковски му е одреден куќен притвор.

Иако Обвинителот барал да му биде одреден притвор во истражен затвоир тоа не се случило-одземена му е патната испортава и оди во куќниот притвор . Еден месец по пресудата во Октомври 20205та ја напушта Макеоднија со лажен пасош и заминува за Загинува на  01 Октомври 2025 година околу 21:30 – 21:45 часот во стан на улицата Косовска во Белград несакајќи го активира експлозивот  Пентрит кој му бил даден еден ден порано . ДНК анализата го потврдува неговиот идентитет. Тоа бил единствен начин да се иутврди кој загинал бидејќи првично слулчајот се водел како неидентификувано лице но во соработа со амкедонските власти српската полиција утврдила дека е телото на Мартин Сипковски.

Експлозивот го добил од 25 годишниот Филип В за кој КОД веќе пишуваше дека е  српски државјанин е уапсен и обвинет за нелегално поседување на експлозивот . Тој е дел од криминална гриупа наречена Кавачки клан која оперира не само во Србија туку и низ цела Европа . Споре дистрагата експлозивот бил тежок 1, 5 килограми а намерата била да се ликвидира нарко дилер кој е познат во тие криминални кругови но и на полицијата. По апсењето Филип е однесен во притвор.

Но семејството на Сипковски во тага и болка напиша дека не се точни тврдењата дека Мартин е поврзан со експлозивот.

„Сакам јавно и одговорно да кажам дека тоа не е вистина! Мојот син беше бунтовен, како и многу млади луѓе во тие години. Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил насилен човек и никогаш не би одзел туѓ живот. Имаше судири со законот, но никогаш поврзани со тежок криминал. Мартин беше цела една година во домашен притвор во Македонија, во нашиот дом, во рамки на истрага која од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваат дека тој воопшто не бил присутен на местото на настанот. Особено е важно да се нагласи дека Мартин не беше првообвинет во случајот. Под сомнителни околности, подоцна беше вклучен во процесот, иако првообвинетиот одамна е избеган во Белград и не живее во Македонија.,,

Во писмото не се објаснува зошто и како Мартин во рацете држел толку разорен експлозив и која била неговата намера .

За македонскиот суд Мартин Сипковски се уште не е мртов !

Но иако според доказите од судската медицина во Белград Сипковски е мртов за македонскиот суд тој се уште е жив. За палењето на автомобилот првично според жртвата  веднаш не е покрената истрага- тврди дека никој не ја повикал да дојде во Обвинителството да даде исказ. На нејзино барање за увид во предметот  видела дека делото го направиле Дамјан Тодосиевски , Бончо Димовски и Мартин Сипковски.

ЗА КОД од Обвинителството објаснуваат дека во МВР првично има три различни проијави за три настани-палењето на алфа ромео во центар, палење на Фиат во населбата Аеродром и пукање во вратата на две лица кои живеат во стан во Скопје . МВР откако утврдило дека истите три момчиња ги вршат делата ги спојува во една кривична пријава  која до Обвинителството ја доставува во  јули 2024та . . Обвинителството по службена должност поведува  истрага а обвинението е подигнато во време кога Мартин е во притвор за обидот за убиство кое го извршил во 2025та . По неговото приведување на 29 септември 2024 година, Основното јавно обвинителство Скопје побарало ефективен притвор. Но судијата на претходна постапка го одбил ова барање и му одредил куќен притвор одземена му е само патната исправа . Правосилната пресуда за обидот за убиство е изречена  во јуни 2025 година.  Но тој не с езадрѓува долго во притворот – од септември истата година не е веќе дома. Тој со лажен пасош бега од Македонија во Србија . Дури тогаш судот ја преиначува одлуката и бара ефективен притвор Но Мартин никогаш не се  врати.

Првото судење за палењето на автомобилите и пукањата во вратите е на 03 Декември 2025та две години по извршувањето на делата два месеца по неговото бегство-два месеци откако тој е веќе мртов. Иако  Мартин  во Србија е  проиглаен за мртов но во Макеоднија е официјално жив. Обвинителството барало преку министертвото за правда да се прибави неговата посмртница но поминувала една година а таа никако да стаса до судот.

Така за скопскиот Кривичен суд официјално и една година подоцна Мартин Сипковски бил повикуван да се соочи со лицето на правдата. Против Дајмјан Тодосиевски викан Ѓаволот не било покренато Обвинение бидејќи тој починал од тешка болестдодека издржувал казна во истражен затвор за друго дело.  Судот вели дека второ обвинетиот Бончо Димовски е во бегство. По емитувањето на емисијата КОД во која  го опишавме бегството на Сипковски кој заедно со други момчиња од Македонија станува дел од српското подземје

Одговор за КОД од Кривичниот суд во Скопје:

,,Постапувајќи по Вашите прашања, а по извршените проверки, Ве известуваме дека станува збор за предмет примен во работа кај судија во октомври 2025 година, против две лица, М.С. и Б.Д., за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 и член 22, како и за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“ од член 288 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По закажувањето на рочиште на кое обвинетите не присуствувале, а по прибавените известувања од надлежните институции, било утврдено дека обвинетиот Б.Д. не им е достапен на органите на прогонот. Поради тоа, по предлог на надлежното јавно обвинителство, за него е определена мерка притвор, со наредба за негово пронаоѓање и лишување од слобода, а распишана е и соодветна потерница. Во однос на обвинетиот М.С., преку Министерството за надворешни работи е добиена документација од надлежните органи во Република Србија, од која произлегува дека лицето е починато. Согласно законските одредби, Постапката во однос на ова лице ќе биде раздвоена и запрена, додекапостапката против обвинетиот Б.Д. ќе продолжи, зависно од натамошниотпредлог на надлежното јавно обвинителство.Следното рочиште е закажано за 28.10.2026 година.,,

Конечно за скопскиот суд  една година по екплозијата стасува официјалната потврдата  дека Сипковски е мртов, а три години по извршеното палење на автомобилоот ќе се води постапката само против Димовски бидејќи и вториот обвинет Тодосиевски е починат.

Жртвата се уште живее во страв и недоумица кој наредил да го запалат автомобилот- бидејќи истрагата тоа не го открива . Дали некој случајно или по грешка го пали токму тој автомобил или некој сакал да и наштети и заплаши? На овие прашања не само таа туку и останатите три лица кои претрпеле штета  немаат конкретен  одговор.  Азапалениот  автомобил кој бил купен на кредт се уште го отплаќаат.

Снежана Лупевска Созен

Прилогот беше емитуван во изданието на КОД на 18.11.2026.

Jumbo 2