Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

3000 полицајци распоредени во Атина- студентите и синдикатите на протести

/

Свет

Сподели преку :

Национални штрајкови организираат синдикатите и студентските организации во Грција  во знак на протест против зголемените трошоци за живот и барањата за  поголеми инвестиции во јавното образование.

Само во Атина треба да бидат распоредени околу 3.000 полицајци, во обид да се спречат немири слични на оние што се видени во неколку други европски градови.

Учениците и студентите вчера попладне поставија шатори на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент во Атина, како дел од нивниот протест. Нивните барања вклучуваат пониски кирии, повисоки субвенции за домување, повеќе сместување за студентите и дополнителен наставен кадар, пренесува германската агенција.

Вработените во јавниот сектор, исто така, организираат штрајкови по повикот на конфедерацијата на синдикати ADEDY.