Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 МЕПСО бара 97% повисока цена за своите услуги

/

Економија

Сподели преку :

МЕПСО бара над 97 проценти зголемување на цената на својата услуга.

Ова е само едно од барањата кое е пристигнато до регулаторна за формирање на новата цена на струјата. Претходно пресметки доставија и другите енергетски компании.

Па така МЕМО не бара корекција во цената за нивната услуга, Електродистрибуција нема наведено каква промена во цената бараат затоа што се уште не е завршен тендерот на кој треба да набават струја за покривање на загубите.

Но за тоа каква цена ќе плаќаат граѓаните од први јануари најмногу зависи од понудата на ЕСМ. Во моментот тие својата струја на ЕВН Хоум им ја продаваат по 65 евра за Мегават час.

Она што сега се знае е дека нема да се оди под оваа цена, но премиерот Мицкоски тврди тека се прави обид од идната година цената да остане иста.