Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денеска пристигна во Санкт Петербург, на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
На аеродромот Пулково го пречека специјалниот претставник на Путин за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев, кој исто така раководи со Рускиот фонд за директни инвестиции.
Претходно. американскиот државен секретар, Марко Рубио, оцени дека средба во Осло меѓу украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, била позитивна, без ништо неочекувано или изненадувачко.
Рубио изјави дека следната дестинација на Виткоф е Санкт Петербург, каде што тој ќе ги пренесе на руската страна идеите од разговорот со Зеленски.
– Сега, вооружен со овие идеи од средбата со Зеленски, тој може да ги сподели со руската страна во Санкт Петербург. Да видиме дали ќе можеме да постигнеме некаков напредок, изјави Рубио пред новинарите во Мумбај.












