Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести во Португалија, бараат поголема достапност до станови

/

Свет

Сподели преку :

Неколку илјади луѓе се приклучија на протестите за достапни станови во повеќе градови низ Португалија. Во центарот на Лисабон, илјадници луѓе се собраа на плоштадот Росио.

Португалската полиција спроведе операција при која со сила беа отстранети сите шатори и луѓе. По инцидентот, демонстрантите повикаа на ново собирање подоцна истиот ден, на што се одзваа илјадници луѓе кои дојдоа за да изразат солидарност.

За време на собирот демонстрантите исто така гласаа на јавен собир и одлучија денеска повторно да се вратат на плоштадот и да постават шатори.

– Мислам дека во Лисабон како и во неколку европски престолнини – но можеби овде повеќе отколку на други места – трошоците за домување станаа недостижни за повеќето луѓе, а не само за младите. Достигнаа апсурдно ниво; мислам дека луѓето едноставно го изразуваат своето незадоволство на  демократски начин, вели демонстрант

-Сметам дека е неспорно правото на луѓето да имаат каде да живеат и да се чувствуваат безбедно, каде што можат да бидат спокојни со своите семејства; нашите домови се местата каде што го  градиме нашиот мир и нашата емоционална сигурност. Во моментов сето ова е еден голем  циркус. Мислам дека лагите, дехуманизацијата  и суровоста достигнаа такви размери – едноставно сите граници се пречекорени. Доста е од овој циркус, од оваа фарса; никој од нас не сака да се чувствува како кловн. Важно е власта да разбере дека е таму само затоа што ние сме  ја поставиле, и дека ние  сме тие што можат и да ја тргнат од таму. Тие се тука за да ни служат нам, вели Сара која прорестираше заедно со илјадници луѓе.