Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Директно“ од Струмица: Една година по изборите, што е направено, а што се уште чека, колку граѓаните знаат како се трошат нивните пари

/

ДИРЕКТНО

Сподели преку :

Струмичкиот градоначалник Петар Јанков, кој на крајот на октомври ја презеде функцијата, во вечершаната емисија Директно со Малден зборува за состојбата која ја затекнал кога застанал на чело на општината.

  • Кога дојдов направивме анализа во каква состојба е општината и јавните претпријатија. Направивме ребаланс на буџетот после неколку недели за тој да биде функционален до крајот на годинавата. Водедовме ред, одговорност и планско работење за трошење на средствата, рече тој.

Јанков вели дека ситуацијата која ја наследил не била многу популарна „затоа моравме да видиме како одредени долгови ќе бидат репрограмирани за да биде одржлива општината до крајот на годината“, објасни градоначалникот.

  • Не само последните месеци од минатата тоа го правиме и во оваа 2026 година, бидејќи ситуацијата во која се наоѓаше општината, а тоа се големи долгови во висина од 190 милиони денари, а јавните претпријатија беа во незавидна состојба, само Комунална хигиена имаше долг од над 510 милиони денари, обвските на транспортното претпријатие надминуваа 340 милиони денари и тоа го доведе во прашање фунционирањето на како на јавните претпријатија, така и на општината. Затоа направивме план како сето тоа да биде санирано, односно да се доведе во најдобар ред. Па почнаа да се сервисираат обврските кон јавните претпријатија, кон добавувачите и давателите на услуги, отплаќаме и кредити и сега после една година состојбата е многу постабилна, рече Јанков.

Советничката од Левица, Јасмина Пијанманова истакна дека кога ги добила првите материјали се соочила со прашања за функционирањето на општината.

  • „Точно е тоа дека општината наследи големи долгови, но сакам да ја истакнам состојбата со транспарентноста. Само една оваа година ни беше дадена можноста за советниците директно да поставуваат прашања и тоа деловнички ни беше ограничено пред почетокот на седницата требаше да ги дадеме нашите прашања. Оттука во Советот и нема некој конкретен дијалог околу одредени прашања, туку мнозинството однапред веќе ги знае одлуките дури нема ни многу реплики и контрареплики. Значи опозицијата ги поставува своите дилеми, ги адресираме до мнозинството но во некои сегменти транспарентноста е затаена“, рече Пијанманова.

Според неа измината година во општина Струмица граѓанскиот сектор како и да не постои, бидејќи ставката за граѓански сектор е намалена.

Од страна на градоначалникот и локалната власт постојано се зборува за т.н. долг на Општина Струмица, рече Лазо Манев, советник од СДСМ.

  • Но, тука е и проблемот со траспаретноста, никаде не се објавени точните бројки од тој долг. Дали е тоа долг заради капитални инвестиции или е тоа долг заради недомаќинско работење. Тие факти треба да и бидат достапни на јавноста. Би истакнал неколку конкретни факти за нетранспаретноста: Според Центарот за економска анализа ние сме паднати на 50-то место, во југоисточниот регион сме на осмо место по транспаретноста, ние сме само пред Ново Село и пред Богданци. Тоа е само доказ за нивната неспособност да ја раководат општината, рече Мишев.

Горан Станишљевиќ, активист од „Здрва котлина“ говореше за соработката на општината со граѓанските организации. Тој истакна дека дел од невладиниот сектор за поголема ефикасност очекува финансии од општината, но тоа не е случај со организацијата од која тој доаѓа.