Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници.
Вицепремиерот Матео Салвини најави засилени безбедносни мерки, кои се очекува да бидат разгледани на владина седница.
Поради страв од ново насилство, продавниците во центарот на градот, вклучително и луксузните бутици на улицата Виа Монтенаполеоне, ги затворија вратите порано и ги заштитија излозите.
Немирите избувнаа по првично мирните демонстрации против лошите јавни услуги и растот на трошоците за живот.
Групи демонстранти со маски палеа контејнери, ограбуваа продавници и оштетуваа имот. Според италијанската полиција, во неделата биле приведени 271 младо лице, вклучувајќи 23 малолетници.
Судири и апсења биле регистрирани и во Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.
Премиерката Џорџа Мелони го осуди насилството и одржа состанок со министрите и безбедносните служби за утврдување дополнителни мерки.












