Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утре до 20 јануари пензионерите со бенефициран стаж треба да одлучат дали остануваат во вториот пензиски столб

/

Економија

Сподели преку :

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле  стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година, од утре, а најдоцна до 20 јануари 2027 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд.

– Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јануари 2027 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ), појаснуваат од МАПАС.

Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

-Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека лицата кои во претходните години доставиле изјава за продолжување на членство, тоа им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата изјава, се вели во соопштението од МАПАС.

Повеќе информации за Бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд на следните линкови:

https://mapas.mk/benificiran-staz/

https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/06/izjava-za-prodolzhuvane-na-chlenstvo-za-licza-so-ben.-stazh.docx