Рускиот претседател Владимир Путин предложи одржување на трилатерален самит во ноември со американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг на кој би се преговарало за завршување на војната која трае четири и пол години, под услови кои би биле во прилог на Москва, објави „Волстрит Журнал“.
Повикувајќи се на поранешен руски разузнувач, весникот наведува дека идејата ја изнел Путин за време на телефонскиот разговор со Трамп на 9 октомври, кога двајцата лидери се договорија САД да купуваат дизел од Русија и да ја олеснат неговата продажба на светските пазари, наведува „Волстрит Журнал“.
Американскиот претседател ги „замрзна“ новите санкции кон Русија што ги одобри Конгресот и најави договор за дизел со Москва за кој многу економисти тврдат дека нема да помогне во намалување на цената на нафтата во САД.
Од друга страна, Украина во голема мера за потпира на поддршка од САД, вклучително и добивање на разизнувачки податоци за противцоздушната одбрана и сателитскиот интернер Старлинк, услуга пто во еден дел беше скратена по притисокот на Трамп врз Киев за запирање на нападите врз руските рафинерии.
Според украинскиот претседател Володомир Зеленски, таквото делување му дава поддршка на Путин, а ограничувањето на дометот на украинските противнапади го гледа и како „порака“ од САД.












