Наслилни судири меѓу демонстрантите и полицијата на шестиот ден од протестите во Тирана. Демонстрантите се собраа пред Министерството за образование, а потоа со камења го нападнаа седиштето на Социјалистичката партија и неколку други институции.
Полицијата одговори со солзавец и водeни топови, додека тензиите се проширија во неколку области од главниот град.
Ситуацијата дополнително се влоши на плоштадот Скендербег, каде што беа фрлени молотови коктели врз полицајците, пожарот зафати неколку простории на Полицискастаница каде што се повредени неколку полицајци.
Демонстрантите остануваат на барањето за оставка на премиерот Еди ама, но тој изјави дека државата нема да се повлече пред насилството и ги повика студентите кои бараат дијалог да се сретнат со него.
„Ги повикувам сите што сакаат дијалог, сите што сакаат да се сретнат со мене, без разлика дали пред камери или без нив, со или без присуство на фотографи, да седнеме и да разговараме, било во Кабинетот на премиерот, на универзитетот или на кое било друго место што вам ви одговара. Да поразговараме за тоа што ве мачи, што сакате, што можеме да направиме за вас и како можеме да ги подобриме работите“, додаде Рама.
Европската комисија го осуди насилството, нагласувајќи дека одговорот на властите мора да биде во согласност со законот.
Насилството нема место во демократското општество“, се вели во соопштението, подвлекувајќи дека одговорните мора да одговараат преку соодветни законски процедури.
Во својата порака, Брисел ја поврзува ситуацијата и со процесот на европска интеграција на Албанија, истакнувајќи дека, во земја-кандидат која се стреми кон членство во Европската Унија и која постигнала напредок на овој пат, незадоволството мора да се решава преку конструктивен и мирен дијалог.
Во меѓувреме, официјалната посета на Рама на Виена, закажана за утре е откажана.
Најновите протести следуваат по повеќемесечни собири во Тирана, организирани од таканареченото движење „Фламинго“ кое настана како реакција против изградбата на голем луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, поврзан со инвестициска фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Кристина Кузмановски

Шести ден во низа од антивладините протести во Албанија. Демонстрантите фрлаат камења и Молотови коктели кон полицијата која возвраќа со водени топови, солзавец и гумени куршуми. Сцените низ градот се запалени и превртени автомобили и контејнери, оштетени продавници и опожарени државни институции. Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија на неколку локации во Тирана која личи… Продолжи со читање












