Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали окрупнувањето на трговските ланци за храна може да донесе и пониски цени?

/

Економија

Сподели преку :

Петте најдоходовни ланци маркети лани направиле промет од скоро една милијарда евра и оствариле вкупен профит од 20 милиони евра, покажуваат податоците што со нас ги сподели „Бизнис мрежа“.

Од друга страна, во Македонија во последните години се случува сериозно реструктурирање на пазарот во делот на трговските ланци за храна преку окрупнување, но и влез на странски играчи. Тоа, според експертите, носи позитивни промени преку зголемена понуда на артикли и поттик домашните производители да имплементираат повисоки стандарди за нивните продукти да се најдат на полиците на трговските гиганти. Но, дали тоа може да донесе и пониски цени?

„Ќе се наметне една брутална ефикасност во делот на производство и на пласман на производи од домашно производство и тоа сметам дека е плус за потрошувачите во домашните ланци и во новите што ќе влезат на пазарот. Еден голем минус сметам дека е згуснувањето на конкуренцијата на пазарот, затоа што ќе продолжи ова преземање на маркетите и ќе се намали изборот на потрошувачите. Не сум убеден дека ќе имаме голема ценовна разлика во производите, затоа што едноставно веќе имаме доминантни играчи на пазарот кои се дисконтери и кои работат со ниски цени“, вели Дејан Манев, експерт за развој на малопродажни мрежи.

Пресметката на синдикалната кошничка покажува дека повеќе од една третина од семејните трошоци отпаѓаат на храна и пијалаци. И не само поради тоа што се купува повеќе, туку делумно и поради инфлацијата.

Иако се чини дека инфлацијата е релативно стабилна и во септември изнесува 2,7% на годишно ниво, сепак доста е поголемо поскапувањето кај некои прехранбени производи што се користат во секојдневието. На пример, месото е поскапо за 6,4%, млекото, млечните производи и јајцата за 3,6%, а маслата и мастите за 7,1%.

Мирјана Јовеска