Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рама: Неутрализиравме дрон со експлозив чија цел беше владата, зад протестите стои странско влијание

/

Свет

Сподели преку :

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е неутрализиран дрон со експлозив чија мета била владата во Тирана.

„Пред два беше неутрализиран дрон со експлозив чија цел била владата и опожарување на дворот“, рече Рама во обраќање во живо преку Фејсбук.

Нагласи оти на ниту еден студент не би му паднало на памет да спроведе таков план и додаде дека е „вмешана странска рака“.

Според него, зад протестите стои странско влијание, пришто директно спомена за можна вмешаност на Иран. Тој тврди дека се насочени кон попречување на придружувањето на Албанија во Европската Унија.

Во Тирана со денови траат протести и судири меѓу демонстранти и полицијата.