Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Оние кои напаѓаа и ограбуваа за време на протестите ќе бидат кривично гонети

/

Свет

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тие што напаѓаа, вандализираа и ограбија префектури и претпријатија за време на вчерашните насилни протести во таа земја ќе бидат кривично гонети и казнети.

Во објава на платформата Икс, Макрон наведе дека во Франција „нема место за насилство“.

„Ја изразувам поддршката на нацијата за полицијата. Сите ќе се бориме обединето против оние кои сеат хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние што мирно ги изразуваат своите барања да го прават тоа“, заклучи Макрон.