Најголем дел од европските држави на 25 октомври ќе преминат на зимско сметање на времето, кога часовниците ќе се поместат за еден саат наназад. Но, Исланд, Белорусија, Русија, Турција, Грузија, Ерменија и Азербејџан нема да го менуваат времето оваа есен.
Промената ќе ги опфати државите членки на Европската Унија, како и други европски земји меѓу кои и Македонија, кои применуваат летно и зимско сметање на времето.
Европската Унија сè уште не постигнала договор за конечно укинување за сезонското поместување на часовниците, па и есенва ќе го применува важечкиот распоред. Промената се прави во ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври).
Европската комисија во 2018 година предложи укинување на поместувањето на часовниците двапати годишно. Европскиот парламент ја поддржа иницијативата во 2019 година, но членките на Унијата не постигнаа договор дали треба трајно да се задржи летното време или стандардното.
Стрелките на часовниците се поместуваат и во САД, но не насекаде. Најголем дел од Соединетите Американски Држави ќе мине на зимско сметање на времето на 1 ноември 2026 година, што не важи за Хаваи и за најголем дел од Аризона.
Кина, пак, не ги поместува часовниците. Во целата земја важи стандардно време во текот на целата година. Последен пат е применета сезонската промена во 1991 година.












